
„Ќатип Османи повеќе нема да го води тимот на Струга Трим Лум. По слабите резултати, особено на почетокот на пролетната сезона, тетовскиот стратег поднесе оставка од селекторската функција и истото го прифатија и челниците на клубот кои во наредните денови ќе одлучуваат за неговиот наследник. Ќатип Османи го презеде раководството на Струга Трим Лум на крајот на мај минатата година, предводејќи го тимот на вкупно 26 натпревари (12 победи, 5 нерешени и 9 порази). „Клубот му изразува благодарност на Осман за неговиот професионализам во времето поминато заедно, посакувајќи му се најдобро во неговата понатамошна кариера“, известуваат од Струга ТЛ.
Османи ја водеше Струга на 20 натпревари во првенството, два во Купот на Македонија, два во квалификациите за Лигата на шампионите и два во квалификациите за конференциската лига.