Парис Џексон е родена на 3 април 1998 година во Беверли Хилс, Парис е второ дете и единствена ќерка на Мајкл Џексон и Деби Роу. Има двајца браќа – Принц Мајкл (1997) и Биги Џексон, познат по прекарот „Бланкет“ (2002). Иако порасна под тежината на огромната слава на нејзиниот татко, Парис успеа да изгради сопствен идентитет и кариера, балансирајќи помеѓу манекенството, глумата и музиката.
Таа на црвениот тепих се појави во проѕирен фустан во боја на кожа, украсен со златни и сребрени мониста кои формираа долги реси. Фустанот од најновата колекција пролет/лето 2024 на Зухаир Мурад ги воодушеви сите присутни, а лелеавиот крој и силуетата совршено се совпаднаа во нејзиниот препознатлив бохо стил.

BACKGRID USA 2 MARCH 2025,Image: 971214506, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Pictured: Paris Jackson, Credit line: MediaPunch / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia
Едно од нејзините последни јавни настапи беше на престижната 33-та забава на наградите Оскар, организирана од Фондацијата за борба против сида на Елтон Џон. Овој гламурозен настан, познат по својата холивудска елита и хуманитарен карактер, беше идеална можност за Париз да блесне.
Парис Џексон, ќерката на легендарната поп икона Мајкл Џексон, продолжува да интригира и инспирира со своите смели модни изданија и големото влијание во светот на шоу-бизнисот. Оваа 26-годишна актерка, модел и музичар неодамна предизвика вистинска лавина од коментари појавувајќи се во провокативен фустан кој никого не остави рамнодушен.