
Многу работи не се како што беа, па Пеп сака да продолжи со прилично нов тим.
Се очекува и Кајл Вокер да направи перманентен трансфер откако ќе му заврши позајмицата во Милан.
Наводно на продажба се ставени Џек Грилиш, Кевин де Брајне, Бернардо Силва, Џон Стоунс, Матео Ковачиќ, Илкај Гундоган и Едерсон.
„Граѓаните“ имаа очајна сезона, далеку се од битката за титулата во Премиерлигата, а синоќа беа елиминирани и во Лигата на шампионите.