Македонија е под влијание на релативно сува и многу студена воздушна маса која продира од север, што условува пад на температурите и засилување на северниот ветер во одделни подрачја.
Според мерењата на УХМР до 19 часот, минусни температури веќе се регистрирани на скијачките центри и на повисоките планински места. објави Скопје1.мк
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Во утринските часови наместа ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
До вторник времето ќе биде претежно облачно и суво, а во среда ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови на државата. објави Скопје1.мк