Повеќе од една деценија, македонската фудбалска репрезентација беше синоним за брендот „Јако“. Со тој бренд испишавме историја, игравме на ЕУРО 2020 и ги победивме Германија и Италија. Но, секоја ера има свој крај.
Од 2026 година, Македонија врти нов лист и влегува во „високото друштво“. Нашиот национален тим ќе го носи логото на светскиот гигант, Адидас.
Додека со нетрпение го очекуваме официјалното решение, „Спортска Станица“ со помош на вештачката интелигенција (Gemini) креираше визија за тоа како би можеле да изгледаат новите дресови, погледнете ја нашата ексклузивна галерија со 5 уникатни фудбалски концепти и еден специјален „поло“ дизајн.
Рамо до рамо со светските прваци
Ова е огромен комерцијален и имиџ чекор за ФФМ. Со потпишувањето за Адидас, Македонија се приклучува на елитното друштво кое го сочинуваат актуелниот светски првак Аргентина, европскиот владетел Шпанија, како и фудбалските велесили Германија, Јапонија, Мексико и Колумбија.
Дали ќе добиеме уникатен дизајн или „каталог“?
Додека фановите со нетрпение ја чекаат промената, постои и мала доза на претпазливост. Искуството на помалите нации со Адидас (како Летонија или Велс) често значело добивање на „еднобојни“ и шаблонски дресови, додека уникатните дизајни се чуваат за големите пазари.
Најголемата желба на „Фалангата“ е Адидас да го задржи и модернизира препознатливото македонско сонце, кое стана заштитен знак на нашиот дрес, наместо да добиеме генеричка црвена маица со три ленти.
Сепак, промената е дефинитивна. „Јако“ заминува во историјата, а ние се подготвуваме за „Адидас“ ерата.