Променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови наместа ќе провејува слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер.

До вторник ќе биде претежно облачно и суво, а во среда ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. До крајот на неделата во утринските часови ќе има појава на магла во одделни котлини.