Вкупниот промет на компаниите коишто се во сопственост на косовски државјани лани бил 299,4 милиони евра.Тие заеднички направиле добивка од 11,7 милиони евра. Податоците одБизнис мрежапокажуваат дека приходот на компаниите бил помал отколку во 2023 година, но од друга страна направиле поголема добивка, или нивната профитна маржа се зголемила. Во компаниите се зголемил бројот на вработени од 2.420 во 2023 година на 2.529 лани, а пораснале и платите.

Извор:Бизнис Мрежа
КИТ-ГО РАСТУРА И ПО ПРИХОД И ПО ДОБИВКА
Портфолиото на косовски фирми во Македонија е богато. На врвот од табелата по приход и по добивка е трговскиот синџирКит-го.Екс фисавијација обезбедува снабдување со гориво за авијација и услуги за полнење во авиони за многу клиенти на различни локации на Балканот.Апетитгроупе главен производител и продавач на месни производина територијата на Косово, а има своја фирма и во Скопје.Футуре енерџи трајдинг енд ексчајнџ динамиксе од енергетскиот сектор, но и покрај тоа што има приход од 22,8 милиони евра е во загуба и има блокирана сметка.Рецкосс-трансе од дејноста транспорт,Океан ком трејде дистрибутивна компанија со храна и средства за чистење.
Вива Фреш Сторее друштво кое се занимава со продажба на мало на стоки во неспецијализирани продавници-супермаркети каде преовладуваат храна, пијалоци и тутун. Сепак, прометот од 10,3 милиони евра не можел да ја спречи загубата произлезена од минатогодишното работење, која изнесува 117 илјади евра.
Услугите што ги нудиЕскаватори-Мксе: производство на сите видови асфалт, изградба на нови патишта, рехабилитација на патишта, мостови и други патни објекти.Елкос гроупима трговски комплекс во Гостивар.Блу чипе познат по салоните Комодита.
Десетте најголеми компании по приход според остварените резултати се значајни играчи на македонскиот пазар. Нивните приходи се движат од 6,7 милиони евра до 99,7 милиони евра. Она што особено се истакнува е дека сите овие фирми, освен Ескаватори-Мк, во 2024 година имаат поголем приход отколку во 2023 година. Но, тоа не е случај и со добивките.
Кит-го имала најголем приход (99,7 милиони евра) и годишен раст од 14,7 насто. Шампион е и по добивка (2,8 милиони евра), но таа е намалена за 28,2 насто во однос на 2023 година.

Извор:Бизнис Мрежа
ЧЕТИРИ КОМПАНИИ ИАКО НЕ СЕ НАЈГОЛЕМИ ПО ПРИХОД СЕ МЕЃУ НАЈГОЛЕМИТЕ ПО ДОБИВКА
Листата на најголеми компании по добивка ја дополнуваат 4 нови компании коишто не успеале да влезат во шампионската листа по приход. Едноставно, тие успеале да направат подобри профитни маржи.

Извор:Бизнис Мрежа
ПОВЕЌЕ ВРАБОТЕНИ
Кај десетте најголеми работодавачи во 2024 година имало 1.680 вработени, речиси 100 повеќе отколку во 2023 година, кога имало 1.585 вработени.Шампион и по вработеност, како и по приход и по добивка е трговскиот синџир КИТ-ГО со 966 вработени.Таму лани имало 901 вработен.

Извор:Бизнис Мрежа
А, ШТО Е СО ПЛАТИТЕ?
Кога станува збор за највисоки плати се појавуваат сосем нови играчи. Во косовските фирми може и многу да се заработи. Во фирматаНовус има 6 вработени, а просечната нето-плата лани била 145.761 денар, што е речиси 30 отсто помалку од просекот во 2023 година. Во Друштвото за трговија и услугиИнтерпроект-гроуподВрапчиштеима слично висок просек, но всушност и не станува збор за просек – туку за плата на еден вработен, а таа изнесувала 138.252 денари, додека во 2023 година просекот бил само 18.043 денари. Другите плати во првата десетка во просек се движат од 58.251 денар до 75.074 денари.

Извор:Бизнис Мрежа