Оригинален концерт „Цветна симфонија“ се одржа „Битолски оркестар Дива“ вчера (30 ноември) во Филхармонијата, по кој беше заслужен трипати беше вратен на бис.
Популарни класици пеја со Јаворка Витанова, Виолета Арсовска и Зана Абази, во придружба на оркестарот, со кој диригираше Владимир Димовски. Концертот започна и заврши со „О, sole mio“, познатата наполитанска песна напишана во 1898, кој најмногу ја прослави славниот тенор Лучано Павароти.
Се пееја и „Време е да се каже збогум“ (Time to Say Goodbye) насловната тема од филмскиот хит „Кум“, шпанската „Гранада“ и други песни и арии. Сите три сопранистки имаат совршно избрана тема за вокалот и сензибилност. Добар избор за гости беше атрактивната Полина Тасева, која е симна во публиката и подаруваше рози.
Истото го направи и диригентот Владимир Димовски на крајот. Им подари рози на неговите пејачи и на виолинистката додека публиката на нозете аплаудираше. Целата сцена беше украсена со природни цвеќиња, што на концертот му даде уште една убавина. Ваков концерт се одржа летоска на Хераклеја во Битола.

„Битолски оркестар Дива“ последните години се издвоени и станаа позната низ Македонија со оригиналните концерти со поп и музика од 1980-тите, работена електронска музика и со популарните теми од класичната музика, концерт посветен на Јонче Христовски и многу други. игрите им се секогаш полни, а луѓето насмеани и среќни си одат дома, како што беше и вчера.
М. ЏАРОВСКА
Постот „ЦВЕТНА СИМФОНИЈА“ НА „БИТОЛСКИ ОРКЕСТАР ДИВА“ ЈА КРЕНА СКОПСКАТА ПУБЛИКА НА НОЗЕ се појави прво на СМАРТ – СДК МК.