1 минута за читање
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Директно“ на ТВ Телма најави голема внатрепартиска реконструкција и целосно обновување на раководството на партијата.
„Направивме детални анализи низ целата земја – општина по општина, каде што резултатите беа различни. Имаше места каде што потфрливме, но и општини каде покажавме сериозен напредок. Врз основа на тие анализи, на внатрешните разговори и на новата стратегија за работа на партијата, вечерва на седницата на Извршниот одбор ќе побарам сите сегашни членови да поднесат оставки. На еден од наредните состаноци ќе избереме целосно нов состав на Извршниот одбор и ново раководство на СДСМ.
Ќе бираме исклучиво најкомпетентни, најмотивирани и најдоверливи личности кои ќе можат да ја вратат партијата на вистинскиот пат и да ја подготват за идните предизвици“, изјави Филипче.