Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, утре3 декември 2025 година, дел од Тетово како идевет околни селаќе останат без електрична енергија во различни временски интервали, соопштија од ЕВН.
Без струја ќе бидат следните населени места:
- Озормиште– од 08:45 до 14:30 часот
- Требош– од 08:45 до 14:30 часот
- Палатица– од 08:45 до 14:30 часот
- Гургурница– од 08:50 до 14:50 часот
- Мерово– од 08:50 до 14:50 часот
- Луковица– од 08:50 до 14:50 часот
- Седларево– од 08:50 до 14:50 часот
- Лешок– од 09:00 до 14:00 часот
- Синичане– од 09:00 до 14:00 часот
- Дел од Тетово (околина Колтук)– од 09:00 до 14:00 часот
Од ЕВН апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски и да покажат разбирање додека траат техничките активности.