3 минути за читање
Годинешната конференција на МАСИТ под наслов „Recode Reality“, што денеска се одржа во Скопје, ги отвори најактуелните глобални и локални теми од ИКТ-секторот – од развојот и импактот на вештачката интелигенција до модернизацијата на дигиталната инфраструктура, сајбер-безбедноста, финансиските иновации и иднината на образованието во технологијата. Во своето излагање,Магда Јиану,менаџер за југоисточна Европа наPaloAltoNetworks, ги претстави главните предизвици и решенија во областа на сајбер-безбедноста, особено во контекст на забрзаниот развој и интеграција на вештачката интелигенција.
На панел-дискусијата посветена на тоакако ВИ веќе го трансформира ИКТ-бизнисот во Македонија, учествуваа:Петар Ниновски основач на Бреинстер, Благица Трпезановска извшен директор наKuehne+NagelMacedonia,Иво Павловски, Кеативен директор наDivisionи Тони Јанкуловски Директор за развој и иновации во Дајнерс.
Панелот привлече исклучителен интерес и интеракција од присутните, со јасни заклучоци дека ВИ веќе ја менува структурата, динамиката и потребните вештини во секторот.
За клучната улога на човечките ресурси во процесите на дигитална трансформација говорешегостинот од Амроп Србија, Милош Ѓурковиќ, кој посочи дека компаниите не можат да напредуваат без систематски развој на талент и менаџмент на промени.
За образованието поврзано за ИКТ како и затемата„Којќеја кодира иднината?”, директорката на Авенга Академи и член на Управниот одбор на МАСИТ,Весна Ивановска,разговараше со министерката за образованиеВесна Јаневска, како и со деканитеПетре Ламески (ФИНКИ)иБлагој Ристевски (ФИКТ). Разговорот се фокусираше на потребата од современи образовни модели и системско градење кадровска база во технологијата.
Посебно внимание привлече излагањето на италијанскиот експертПјетро Марини,Директор за иновации воDeltatreInnovationLab, кој го отвори прашањето за иднината на бизнис моделот на спортските и медиумските права. Тој предупреди дека долгогодишните традиционални модели на стабилност се разнишуваат, со што се отвора дилема за одржливоста на целиот екосистем.
На панелот за бизнис вредности базирани на квалитетни податоци говореа:Филип Петровски, директор на Дата Мастерс и заменик претседател на УО на МАСИТ,Беркан Имери, извршен директор на Халкбанка,Александар Манев,генералендиректор на Кроација – друштво за неживотно осигурување иМихајло Борозанов, главен финансиски директор и член на УО на Макпетрол.
Конференцијата беше затворена со панел зафинансирање на иновациите, на кој учествуваа:Горан Ковачев, Директор на фонд за енергетска ефикасност – Развојна банка на Македонија,Мухамед Хаџипази, извршен директор на Халкбанка,Иван Чорбев, Европски институт за иновации и технологиииБоро Јакимовски,DigitMak.
Темата на конференцијата„RecodeReality“претставува повик да се преобликува улогата на технологијата: не само како алатка, туку како двигател на економски, институционални и општествени промени – како сила што ја моделира иднината.