Европската приказна на Јанта Волеј Кисела Вода во дебитантската сезона заврши.
По четирите одиграни натпревари во квалификациите за Лигата на шампионките, макеоднскиот првак јанта волеј го заврви и настапот во ЦЕВ Волејбал купот.
Во рамките од 1/16 финалето македонски првак два пати беше совладан од хрватската екипа на Младост со 3-0 во сетови. Откако го загубија првиот во Скопје, вечерва одбојкарките на Јанта волеј се поразени и во реваншот одигран во Загреб во три сета со 25:11, 25:16 и 25:22.
Јасмин Ледесма со седум поени беше најефикасна, додека Бојана Мароевиќ и Татјана Јаневиќ освоија по пет поени.
Тимот од Кисела Вода, секако може да биде задоволен, особено со собраното искуство на шесте натпревари на европската сцена, каде оствари и две победи.