Арсенал продолжи да победува во натпревари „кои мора да се победат“, оние од категоријата „мали што освојуваат титули“.
По нерешениот резултат со Челзи во дербито минатото коло, „топџиите“ многу тешко од очекуваното го победија Брентфорд со 2-0.
Домашните поведоа веќе во 11-тата минута,со голот на Микел Мерино. Неизвесноста за конечниот исход траеше се до самиот финиш. Во првата минута од судиското дополнение Сака го постигна вториот гол за Арсена и ја потврди победата.
Така Арсенал кој е лидер на табелата, повторно ја врати предноста од пет бода во однос на Манчестер Сити кој е втор.