Италијанските организатори на Зимските олимписки игри следната година, кои ќе се одржат во Милано и Кортина д’Ампецо, во четвртокот го преземаа олимпискиот факел во Атина.
По церемонијата во Атина, олимпискиот пламен ќе се упати кон Италија, каде што ќе патува 12.000 километри во текот на следните два месеца. Пламенот ќе помине и низ сите италијански покраини пред да пристигне на легендарниот стадион „Сан Сиро“ во Милано на 6-ти февруари за церемонијата на отворањето. Вкупно 10.000 луѓе ќе учествуваат во штафетата на факелот.
„Примањето на овој скапоцен симбол на историско место е моќен потсетник за честа што ни е укажана. Среќни сме што го носиме олимпискиот пламен во нашата татковина“, изјави Џовани Малаго, претседател на организацискиот комитет на претстојните Зимски олимписки игри.
Олимпискиот факел беше запален на 26-то ноември во древната Олимпија, родното место на античките игри.
Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо ќе се одржат од 6-ти до 22-ри февруари следната година.