По репрезентативната пауза, претстојниот викенд, кошаркарските прволигаши се враќаат на домашните обврски. На програмата е 9.коло во Супер машката лига.
Дербито на оваа рунда, ќе се игра во Битола во сабота. Во салата „Боро Чурлевски“ ќе се сретнат двете првопласирани екипи на табелата. Лидерот ТФТ ќе му гостува на Пелистер, а натпреварот ќе се игра од 19 часот.
Интересно се очекува да биде и во недела во СЦ „Јане Сандански“ каде шампионот МЗТ Скопје Аеродром ќе го пречека гевгелиски Кожув.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 9 КОЛО
Сабота
АНГЕЛИ – РАБОТНИЧКИ 15:30 часот
МАЏАРИ – ГОСТИВАР 17:00
КУМАНОВО – ТИКВЕШ 19:00
ПЕЛИСТЕР – ТФТ 19:00
Недела
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КОЖУВ 18:00
ФЕНИКС – ЧАИР 20:00