Фудбалерите на Лацио и Болоња обезбедија пласман во четвртфиналето на Купот на Италија. Лацио го победи Милан со 1:0, додека Болоња ја победи Парма со 2:1.
Решавачкиот гол на натпреварот одигран на римски „Олимпико“ го постигна Матија Закањи, кој со глава погоди во 80. минута по корнер.
Лацио ќе игра во четвртфиналето против Болоња, која ја победи Парма со 2:1. Гостите поведоа во 13. минута со голот на Адриан Бенедичак, а во 38. минута израмни Џон Роу. Сантијаго Кастро ѝ ја донесе победата на Болоња во 89. минута од натпреварот.
Интер, Аталанта, Наполи и Јувентус претходно се квалификуваа за четвртфиналето, а во последните два натпревара од осминафиналето ќе играат Рома – Торино и Фиорентина – Комо.
Болоња ја брани титулата победник, откако во финалето на минатогодишното издание го победи Милан.
РЕЗУЛТАТИ – осминафинале:
Во четврток:
Болоња – Парма 2:1
Лацио – Милан 1:0
Во среда:
Аталанта – Џенова 4:9
Наполи – Каљари 9-8 на пенали (1:1)
Интер – Венеција 5:1
13 јануари:
Рома – Торино
27 јануари:
Фиорентина – Комо
ЧЕТВРТФИНАЛНИ ДВОЈКИ:
Болоња – Лацио
Аталанта – Јувентус
Интер – Рома / Торино
Наполи – Фиорентина / Комо