Манчестер Јунајтед не успеа да го совлада Вест Хем во натпревар од 14.коло на Премиер лигата. Дуелот одигран на „Олд Трафорд“, заврши нерешено 1-1, а двата гола беа постигнати во второто полувреме.
Радост на навивачите и фудбалерите на Манчестер им донесе Диого Далот, со голот во 58-мата минута, за водство од 1-0.
Манчестер имаше уште неколку добри шанси да постигне втор гол, но не ги искористи. Тоа гостите го казнија преку 22-годиниоот Французин, Магаса кој во 84.минута израмни на 1-1.
со по еден освоен бод, двата тима останаа на истите позиции на табелата. Манчестер Јунајтед се наоѓа на 9-то место со 22, Вест Хем Јунајтед е 18-ти со 12 бода.