Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ќе се обиде до крајот на годината да го сoбори клупскиот рекорд на Кристијано Роналдо по бројот голови во една календарска година.
Брилијантниот француски напаѓач постигна 55 гола во дресот на „Кралскиот клуб“ оваа година, четири помалку од клупскиот рекорд од 59 гола поставен од Роналдо во 2013 година.
Со уште пет натпревари до крајот на оваа година, Мбапе би можел да го надмине португалскиот фудбалски великан.
Реал сè уште има лигашки натпревари против Селта, Алавес и Севиља, во Лигата на шампионите против Манчестер Сити и во Купот на кралот против сè уште непознат противник.
Вклучувајќи ги головите во дресот на француската репрезентација, Мбапе ја достигне бројката од 62 гола во 2025 година.
Рекордер по број голови во една календарска година во на клупско и репрезентативно ниво е Лионел Меси, кој постигна 91 гол во 2012 година.