Купер Флег и Рајан Нембард го донесоа Далас до трет триумф по ред (Далас 118-110 Мајами)
Далас конечно добива ритам оваа сезона и тоа благодарение на двајца играчи кои пред неколку месеци не фигурираа во ниту една голема прогноза. Купер Флег ја водеше екипата со 22 поени и самодоверба која изгледа како да игра во најелитната лига со години. Ентони Дејвис доминираше во рекетот со 17 поени и 17 скока и ја постави физичката граница што Мајами тешко ја пробиваше.
Дебитантот Рајан Нембард повторно блескаше со 15 поени и 13 асистенции. Тој игра како да ја држи екипата во свои раце, а тоа е реткост за играч кој не беше драфтуван. Кај Мајами, Келел Веер со 22 поени и 10 скока беше единствениот што нудеше континуитет, додека Тајлер Херо беше целосно неутрализиран во второто полувреме.
Мари незапирлив со 52 поени, Денвер ја прегази Индијана (Денвер 135-120 Индијана)
Индјана играше ослабено, но ова беше вечер кога ниту комплетен состав немаше да го сопре Џамал Мари. Тој постигна 52 поени со нереални 10 тројки од 11 обиди и ја водеше екипата во натпревар кој постојано беше под контрола на Денвер.
Никола Јокиќ беше на чекор од нов трипл-дабл со 24 поени, 8 скока и 13 асистенции. Денвер играше широка, зрела кошарка и покажа дека и оваа сезона ќе биде фактор кога ќе се заострува темпото.
Милвоки победи иако Јанис се повреди на стартот (Милвоки 113-109 Детроит)
Шокови во Милвоки уште во третата минута кога Јанис Антетокумпо ја напушти играта поради повреда на листот. Наместо психолошки пад, Бакс добија реакција од тимски карактер. Кевин Портер Џуниор со 26 поени и Рајан Ролинс со 22 го презедоа нападот, а Џерико Симс одигра најкомплетен меч во кариерата.
Милвоки го доби мечот само втор пат во последните десет натпревари, што ја прави оваа победа уште повредна.
Клиперс ја прекинаа црната серија во ноќ со многу турбуленции (Клиперс 115-92 Атланта)
Лос Анџелес Клиперс го одигра првиот натпревар откако Крис Пол беше испратен дома, одлука што ја раздрма организацијата. Наместо хаос, дојде ослободување. Џејмс Харден беше генерал на теренот со 27 поени и 9 асистенции, Каваи Леонард донесе стабилност со 21 поен, а Ивица Зубац собра неверојатни 17 скока. Клиперс конечно изгледаа како тим што сака да ја промени насоката на сезоната.
Таунс повторно крал на Медисон Сквер Гарден, Никс убедливи против Хорнетс (Њујорк 119-104 Шарлот)
Карл Ентони Таунс ја продолжува доминацијата на домашен терен и овој пат испорача 35 поени и 18 скока. Џејлен Брансон повторно беше мотор со 26 поени, а Микал Бриџис вметна важни моменти по време на енергетските падови на Њујорк.
Медисон Сквер Гарден стана вистинска тврдина со 11 победи на 12 натпревари.
Бруклин го искористи падот на Чикаго и врза две победи (Бруклин 113-103 Чикаго)
Мајкл Портер Џуниор ја носеше екипата со 33 поени и 10 скока во ноќ во која Нетс конечно повторно личеа на организирана група. Ноа Клоуни додаде 20 поени во второто полувреме и го промени текот на мечот.
Кај Чикаго, Џош Гиди стигна до уште еден трипл-дабл, но без соиграчи во ритам, беше премалку за прекин на серијата порази.
Хјустон го разнесе Сакраменто со врвна тимска кошарка (Хјустон 121-85 Сакраменто)
Алперен Шенгун повторно играше како најдобар центар на теренот со 28 поени, 10 скока и 4 украдени топки. Кевин Дјурант ги диктираше акциите со 24 поени и 8 асистенции, а Амен Томпсон со 20 поени, 12 скока и 7 асистенции го потврди својот брз развој.
Хјустон ја изгуби последната ноќ, но не дозволи пад на самодовербата и се врати со најубедливата победа на вечерта.
Фокс ја затвори магијата на Орландо во последната секунда (Сан Антонио 114-112 Орландо)
Сан Антонио не игра како тим без Вембањама, туку како група што сака да докаже зрелост. Де’Арон Фокс постигна 31 поен и ги даде сите последни поени за својот тим. Драматичниот крај стигна со блокадата на Лук Корнет над Франц Вагнер на последната секунда.
Спарс сега имаат седум победи во последните девет натпревари.
Портланд го замолкна Кливленд со шестмина играчи во двоцифрен ефект (Портланд 122-110 Кливленд)
Дени Авдија беше незапирлив од линијата за слободни фрлања и заврши со 27 поени. Калеб Лав и Шејдон Шарп донесоа енергија од клупата со по 20 поени. Портланд ја одигра најконцентрираната утакмица во последните недели.
Кај Кливленд, Донован Мичел ја носеше играта со 33 поени, но без поддршка во завршницата Кавалирс загубија четири од последните пет натпревари.