Од утре, па се до понеделник, ќе се играат натпреварите од последното, 17 коло во Првата фудбалска лига.
Оваа рунда ќе биде отворена до натпреварите во Скопје и Кавадарци, каде ќе играат двете првопласирани екипи.
Лидерот Вардар ќе гостува во Ѓорче Петров, а Струга ТЛ кај Тиквеш. Главни арбитри на овие натпревари ќе бидат Грујоски од Кичево и Стојчевски од Скопје.
ДЕЛЕГИРАЊЕ ЗА 17.КИЛО
Викендов ќе се затвори завесата од есенскиот дел од Првата македонска фудбалска лига, а на програмата се последните шест натпревари. И ова коло (17.) ќе се игра во четири дена, почнувајќи од петок, за кога се закажани два натпревари, па сабота еден, недела два и последниот ќе се одигра во понеделник.
Македонија ЃП – Вардар
Стадион Ѓорче Петров (Скопје) | 05.12.2025 | 13:00 часот
Судија: Грујоски Александар (Кичево)
Тиквеш – Струга Трим Лум
Градски стадион Кавадарци (Кавадарци) | 05.12.2025 | 13:00 часот
Судија: Стојчевски Игор (Скопје)
Башкими – Шкендија
Стадион Башкими (Куманово) | 06.12.2025 | 13:00 часот
Судија: Стојанов Стојанче (Штип)
Работнички – Силекс
Национална Арена „Тодор Проески“ Скопје (Скопје) | 07.12.2025 | 13:00 часот
Судија: Ќерими Бењамин (Скопје)
Шкупи – Брера
Градски стадион Струга (Струга) | 07.12.2025 | 13:00 часот
Судија: Качевски Јован (Струга)
Арсими – Пелистер
Градски стадион Гостивар (Гостивар) | 08.12.2025 | 13:00 часот
Судија: Илиоски Влатко (Прилеп)