Пожарот што беснееше вечерва во објект во Старата чаршија во Скопје, близу црквата Свети Спас, е локализиран, соопштија од скопската ТППЕ.
По повикот во 19.43 часот, биле испратени три пожарникарски возила со екипи, а откако било увидено дека состојбата е тешка, на помош биле пратени уште две возила.
Во гаснењето на пожарот што го опфатил покривот на објектот учествувале 20 пожарникари.
„Пожарот за кратко време е ставен под контрола. Успешно е интервенирано и не е дозволено пожарот да се прошири на соседните објекти. Сега се работи на догасување и на расчистување на теренот“, вели командантот на скопската ТППЕ, Звонко Томевски.
Причините за пожарот, како што кажа, полицијата треба дополнително да ги утврди.
Според неофицијални информации во опжарената куќа најчесто се собирале бездомни лица.
ВИДЕО| Гори Стара чаршија
The post Опожарениот објект во Стара чаршија бил „дом на бездомници“ appeared first on NetPress.