Во синоќешниот натпревар од 19-то коло на шпанската Ла Лига, фудбалерите на Реал Мадрид лесно на гости го победија Атлетик Билбао со 3:0, но повторно останаа без Трент Александер-Арнолд.
Александер-Арнолд му асистираше на Мбапе при постигнувањето на првиот гол на натпреварот, но мораше да го напушти теренот на почетокот од второто полувреме поради повреда на мускулот.
Официјално, Реал сè уште не соопшти колку долго се очекува да паузира, но некои шпански медиуми објавија дека 27-годишниот англиски фудбалер се соочува со двомесечно отсуство од теренот.
Александер-Арнолд дојде во Реал од Ливерпул ова лето, а токму на почетокот од сезоната пропушти неколку натпревари поради повреда. Сега се појавуваат нови проблеми во дефицитната позиција на десното крило во Реал.
Реал моментално е втор на табелата во Ла Лига и е еден бод зад лидерот Барселона. Во првиот претстоен првенствен натпревар викендов, Реал ја пречекува Селта од Виго. Следната седмица „Кралевите“ играат големо дерби од Лигата на шампионите против Манчестер Сити на домашен терен.