Во последниот натпревар од 14-то коло од англиското фудбалско првенство, Манчестер Јунајтед и Вест Хем одиграа 1:1 на „Олд Трафорд“ пред 73.938 гледачи.
Манчестер Јунајтед имаше можност со победа да скокне на петтото место во Премиер лигата, но „Црвените ѓаволи“ не успеаја да дојдат до трите бода. Јунајтед победи само на еден од последните шест натпревари во Премиер лигата против Вест Хем.
Домашниот тим поведе во 58. минута со погодокот на Диого Далот, кој го постигна својот четврти гол во Премиер лигата за Манчестер, но ова беше неговиот прв првенствен гол „Олд Трафорд“ во неговиот 74-ти настап на домашен терен. Израмни седум минути пред крајот преку Сунгуту Магаса.
Манчестер Јунајтед е осми на табелата со 22 бода, додека Вест Хем останува 18-ти со 12 бода. Арсенал е на врвот со 33 бода, пет повеќе од Манчестер Сити.
Премиер лига, 14. коло:
Во четврток:
Манчестер Јунајтед – Вест Хем 1:1
Во среда:
Лидс Јунајтед – Челзи 3:1
Ливерпул – Сандерленд 1:1
Арсенал – Брентфорд 2:0
Брајтон – Астон Вила 3:4
Барнли – Кристал Палас 0:1
Вулверхемптон – Нот Форест 0:1
Во вторник:
Борнмут – Евертон 0:1
Фулам – Манчестер Сити 4:5
Њукасл – Тотенхем 2:2