Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, е еден од најзаслужните што екипата на Валенсија останува во игра во шпанскиот фудбалски куп.
По голема драма и 120-минути игра тимот на Валенција, второто коло од Купот на „Кралот“, славеше на гостински терен кај третолигашот Картагена со 1-2.
А, натпреварот полна одлично за аутсајдерот. Во 21.минута, по ударот на Алфредо Ортуњо успеа да го совлада Димитриевски за водство на домаќините од 1-0.
Валенсија во вториот дел, односно 80-тата минута успеа да стигне до израмнување. Стрелец на погодокот за 1-1 беше Белтран. Резултатот не се промени до крајот на 90-те минути, па се играа продолженија. А, во нив немаше промена до самиот финиш.
Столе Димитриевски, во 119-тата минута одбрани пенал и ја спаси Валенсија од елиминација. Веднаш потоа на спротивната страна Васкез погоди за победа од 1-2 за Валенсија и пласман во следната рунда.