Првото дводневно издание на Таксират ќе се одржи викендов (6 и 7 декември) во арената „Борис Трај“ во Скопје, а продолжениот формат се должи на тоа што организаторот „Пасворд“ одлучи да издвои посебен ден за електронската музика.
Традиционалното шаренило на музичките стилови ќе може да се слушне на првата вечер, кога ќе има метал, хип-хоп и балкански мелос.
пишување на главната бина почнува во 20 часот со настапот на познатиот италијански метал бенд „Лакуна коил“ (фото)женските од Кристина Скабија, еден од најпознатите вокали во металот. По нив се ЛД Пистолеро, турскиот рапер Ежхел, балканската атракција „Дубиоза колектив“ и хип-хоп легендите „Оникс“.

Другиот стејџ од оваа година се вика „Шорти Пи“, според раперското име на Владимир Блажев-Панчо, пејачот на „ДНК“, кој почина од последиците на пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Соодветно на тоа, на оваа бина ќе има само хип-хоп во изведба на Нести, Огипсилон, Секси Марса, Донплеја, Принцес Донатсу, Бон Праскиза и Ири Скреч.
Новина на Таксират е вториот, техно ден. Најавено е дека журката ќе трае од 13 часот до еден час полноќ. Главна ѕвезда е легендарниот Германец Свен Фет, а музиката ќе пуштат и домашните диџеи Монго/Омару, Вишко, Маци, Кристијан ХСС, Петк.ов, Аврамоски, Додевски, Лесја/Дија и Песинџер, со што, како домашни организаторите, ќе се поврзани со фестивалската дневната и ноќта.
Г. КОНЕВ
(Фото: Фејсбук)
Постот ПРВИОТ ДВОДНЕВЕН ТАКСИРАТ НОСИ МЕТАЛ, ХИП-ХОП, БАЛКАНСКИ МЕЛОС И ПОСЕБЕН ДЕН ЗА ТЕХНО се појави прво на СМАРТ – СДК МК.