Најавата за возбудливиот викенд кој следи не беше на посакуваното ниво затоа што сите мечеви кои се играа вечерва, завршија со максимум еден даден гол.
Борусија Менхенгладбах минимално со 1:0 победи на гостувањето кај Мајнц во Бундеслигата. Ова беше трета победа по ред на Борусија на гостински терен без примен гол, со што го израмнија клупскиот рекорд од далечната 1975 година.
Еден гол беше доволен и за победа на екипите кои беа домаќини во француското првенство. Брест со 1:0 го победи Монако, а со истиот резултат се радуваше и Лил против Олимпик Марсеј.
Немаше голови на дуелот од шпанското првенство меѓу Овиедо и Мајорка.