Грчката крајбрежна стража пронајде брод со 18 мртви мигранти близу брегот на Крит, објави грчката јавна телевизија ERTnews во саботата.
Двајца преживеани им кажале на спасувачите дека ја изгубиле контролата врз бродот во бура и дека останале заглавени на отворено море без вода или храна.
Сè уште не е познато од каде доаѓаат мигрантите, а форензичките експерти и истражителите се обидуваат да утврдат што точно се случило на бродот.
Силна бура беснее во морето околу Крит со налети на ветер од повеќе од 90 километри на час.
Криумчарските банди постојано ги испраќаат мигрантите по опасни патишта од Торбук во Либија до Крит. Речиси 17.000 мигранти пристигнале на грчкиот остров до почетокот на декември оваа година, според агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР).