Штетите од бурата Бајрон во Грција е огромна. Дождот продолжува и денеска, многу патишта се поплавени, а многу реки се излеаја.
Во регионот Тесалија жителите на едно село беа евакуирани, а уште пет села во областа се во состојба на готовност и се чека да се прогласи евакуација.
На Халкидики, пожарникарите спасија странско семејство од караван што беше однесен од надојдената река.
Имаше случаи на поплавени приземја низ целата земја.
Реката Пиниос се излеа во близина на градот Трикала и поплави цел реон од куќи и продавници. Сообраќајот со автомобили е отежнат во грчката престолнина Атина.
Сообраќајната полиција ги предупредува возачите да бидат внимателни, бидејќи на многу места по целата патна мрежа има урнати карпи. Бидете внимателни кога патувате во Евија и Пелопонез, каде што многу патишта се поплавени, предупреди и Цивилната одбрана.
Северна Грција, исто така, се соочува со проблеми во сообраќајот поради бурата Бајрон. Се очекува циклонот да ослабне и врнежите од дожд да престанат утре.