Седум лица ги загубија животите, а единаесет се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Тарсус-Адана-Газијантеп, во населбата Бахче во турскиот град Османије. Патнички автобус се судрил со камион.
Според извештаите на агенцијата „Анадолу“, автобусот што сообраќал на линијата Измир-Газијантеп удрил во задниот дел од камион откако му пукнала гума.
На местото на несреќата биле испратени екипи за итни случаи и полиција, кои веднаш почнале да им пружаат помош на повредените и да ги евакуираат.
Канцеларијата на гувернерот на Османије соопшти дека се работи на идентификација на починатите.