Прволигашкото кошаркарско дерби меѓу Борец баскет и штипски Соколи го добија домаќините.
Во натпревар од 8.коло на Во групата одигран вечерва во Велес, тимот на Борец славеше со 85-78.
Гостите го отворија натпреварот со 0-7, по што домашниот тренер Љутков беше принуден на тајн-аут. Не сери тоа многу бидејќи во 5.минута гостите имаа и двоцифрена предност 8-18. Сепак домашниот тим не се предаде и на 67.секунди пред крајот на периодот израмни на 21-21. Тоа беше и резултат по првите десет минути. Првото водство домашниот тим го имаше на истекот на 14.минута кога поведе со 33-32. Тука велешани не застанаа, ја продолжија низата за највисокото водство 49-38. До крајот на полувремето гостите постигнаа само еден поен, па на одмор Борец замина со +10 (49-39).
На самиот старт на второто полувреме велешани имаа и најголеми +13 (54-41), сепак тука подзастанаа. Му дозволија на противникот да се врати во игра со 10 врзани поени и да намали на 54-51. Сепак, играчите на Борец не дозволија да ја испуштаат тешко стекнатата предност, па во завршните 10 минути влегоа со +9 (72-63). И покрај сите обиди на штипскиот тим да ја анулира негативата, Борец тоа не го дозволи. На крајот велешани заслужено стигнаа до петата победа во низа со 85-77.
Сега Струмица ФМП е сама на водечкото место на табелата со една победа повеќе од Соколи и Борец баскет.