Екипата на Глазгов Ренџерс славеше победа на гостувањето кај Килмарбок во шкотската Премиер лига.
Во натпреварот од 16.коло, Ренџерси победија со 0-3, а двоен стрелец беше Бојан Миовски.
Македонскиот репрезентативец ги постигна првите два гола (33 и 54.минура), со кои ја најави победата на гостите. Триумфот на Глазгов го потврди Мур во 81-вата минута.
До освоените три вода и вкупно 26, Глазгов е четврти на табелата, колку што има и Мотервелд. Двата тима заостануваат шест бода, зад водечкиот тандем, Хартс и Селтик.