1 минута за читање
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во два одделни инциденти пријавени во казнено-поправните установи во Скопје пронајде дрога и поголема количина лекови.
Во КПУ „Идризово“ вчера за време на извршен преглед кај осудениците Д.Т., И.Д. и Н.В. била пронајдена и одземена поголема количина таблети.
Вчера, пак во КПУ „Затвор Скопје“ затворски службеник, за време на редовна обиколка во 22 часот, ги затекнал осудениците Д.В. и Г.А. како консумираат кокаин.
И во двата случаја полицијата утврдува како таблетите и дрогата стигнеле во затворите.