И утре, како и денеска, Земјата е изложена на геомагнетни бури од најнизок степен – Kp 5/G1, објавија Националната управа за океанографија и атмосфера на САД (NOAA) и Лабораторијата за сончева астрономија на Руската академија на науките (РАН).
Причина за овој феномен е сончев факел (ерупција на површината на Сонцето) што се случи во четвртокот.
Според прогнозата за „вселенското“ време, од вторник, 9 декември, ситуацијата ќе се смири и веројатноста за геомагнетени бури ќе се намали.
Градацијата на магнетните бури
Индексот Kp ја покажува јачината на геомагнетната активност (нарушувања во магнетното поле на Земјата) во период од 3 часа, почнувајќи од 0 (слаби) до 9 (екстремни).

G-скалата е класификација што ја користи Националната управа за океанографија и атмосфера на САД за да ги опише потенцијалните ефекти од геомагнетна бура врз технологијата – електрични мрежи, телекомуникации, сателити во орбитата итн. Може да се користи и како предупредување за луѓе чувствителни на временски услови.
Тоа значи дека најслабата геомагнетна бура е означена како Kp 5 и одговара на G1. Повисоките вредности на Kp одговараат на повисоки степени на G-скалата, па така, на пример, Kp 9 или G5 е најекстремната бура.
Kp 5/G1 – Слаба геомагнетна бура. Постои можност за мали пречки во радиокомуникациите и електричната мрежа, влијае на животните и птиците што мигрираат.
Kp 6/G2 – Умерена (средна) бура. Влијае на електричните системи и електричната мрежа, астронаутите во ниската Земјина орбита и сателитите, предизвикува прекини во радиокомуникациите.
Kp 7/G3 – Силна бура! Негативно влијае и може да предизвика оштетување на електронските уреди, електричната мрежа, орбиталните сателити, GPS навигацијата, се меша со радио комуникациите.
Kr 8/G4 – Многу силна бура! Пречки и прекини на електричната енергија, комуникациите, GPS навигацијата, оштетување на електронските и електричните уреди, опасност за луѓето и системите во Меѓународната вселенска станица.
Kr 9/G5 – Екстремна геомагнетна бура! Колапс на електричната мрежа, комуникациите, орбиталните сателити, ризик по животите на астронаутите во ниската Земјина орбита итн.
The post Земјата и утре под влијание на ерупциите на Сонцето appeared first on NetPress.