Екипата на Илинден минимално со 1:0 победи на гостувањето кај Маџари Солидарност и со тоа ја обезбеди есенската титула во општинската лига Гази Баба. По 10 натпревари, Илинден има осум победи и две нерешени резултати и со 26 бодови е на челната позиција, пред Марино 2024 кој е втор со 24 бодови, додека по 19 бодови имаат Бујковци и Маџари Солидарност.

Возбудлив и многу драматичен беше дуелот на стадионот „Борис Трајковски“, а на крајот гостите од Илинден се радуваа на победа и многу вредни три бода. Искусниот Пепи Трајчевски беше стрелец на единствениот гол, откако во 54 минута го матираше домашниот голман.
Во последните 20-тина минути Илинден играше со фудбалер помалку, откако поради два жолти картони беше исклучен Антонио Василев. Маџари Солидардност се обидуваше да израмни, но одбраната на Илинден беше непогрешлива и на крајот гостите се радуваа на триумф, осми по ред за нив.

Марино службено со 3:0 го доби дуелот со Миладоновци, Бујковци минимално со 1:0 го победија Ускуп, додека Долно Коњари ги освои трите бода во дуелот со Инџиково.