Престаникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „многу блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две главни отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје.
Русија започна голема инвазија на Украина во февруари 2022 година по осумте години борби меѓу проруските сепаратисти кои се отцепија по прозападниот преврат во Киев во март 2014 година и украинските трупи во Донбас, кој се состои од регионите Доњецк и Луганск. Москва тврди дека „специјалната воена операција“, како што ја нарекува официјално инвазијата во соседната земја, била неопходна за да се заштити тамошното мнозинско руско и рускојазично населние од подготвувана украинска офанзива со цел да се направи погром и етничко чистење на Донбас.
Војната во Украина е најсмртоносниот конфликт во Европа од Втората светска војна и го предизвика најдлабокиот конфликт меѓу Русија и Западот од Студената војна.
Специјалниот американски пратеник за Украина, Кит Келог, кој треба да се повлече од функцијата во јануари откако изминува законскиот рок во кој може да биде ангажиран во администрацијата, изјави на Регановиот национален одбранбен форум дека напорите за решавање на конфликтот влегле во „последните 10 метри“, што, како што забележа тој, е секогаш најтешкиот дел.
Двете главни отворени прашања, рече Келог, се однесуваат на територијата – првенствено иднината на Донбас – и иднината на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа, која е под руска контрола уште од почетокот на инвазијата.
„Ако ги решиме овие две прашања, мислам дека останатите работи ќе бидат решени доста добро“, рече Келог во саботата во Претседателската библиотека и музеј „Роналд Реган“ во Сими Вали, Калифорнија.
„Речиси сме на целта. Навистина сме многу, многу блиску“, рече Келог, кој кон крајот на ноември во изјава за Fox News процени дека во тој момент остануваат „уште два метра“ до постигнување договор за мир во Украина.
Според првичните американски предлози, нуклеарната централа Запорожје, чии реактори моментално се затворени и работат во ткн „ладен режим“, би била рестартирана под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), а произведената електрична енергија би била подеднакво поделена меѓу Русија и Украина.
Во ноември, агенцијата Reuters објави повикувајќи се на четири извори, Специјалниот пратеник на претседателот на Соединетите држави, Доналд Трамп, за Украина, Кит Келог за напуштање на должноста ги информирал своите колеги. Се забележува дека заминувањето на Келог ќе значи губење на клучниот сојузник на интересите на Украина во администрацијата на Трамп.
Претседателскиот пратеник е привремена позиција. Ваквите пратеници мора да бидат потврдени од Сенатот на САД за да останат на позицијата повеќе од 360 дена. Келог посочил дека јануари, со оглед на моменталното законодавство, би можел да биде природно време за негова оставка, според изворите на агенцијата.
Пензионираниот генерал-полковник беше сметан од Украина и Европската унија како личност која „го слуша нивното мислење во администрацијата (на Трамп) која понекогаш се наклонуваше кон ставовите на Москва за причините за војната во Украина“.
„Келог ги осуди руските напади врз украинската цивилна инфраструктура посилно од другите претставници на администрацијата на Трамп. Тој понекогаш се судираше со специјалниот пратеник за мировни операции, Стив Виткоф, кој ги повтори некои од тезите на рускиот претседател Владимир Путин и се залагаше за нееднаква размена на територии како дел од долгорочен мировен договор“, објави тогаш Reuters.
Истовремени, весникот The Wall Street Journal потсетува дека Трамп му дал задача на Келог да го заврши украинскиот конфликт во рок од 100 дена. Последователно, американскиот челник постојано признаваше дека постигнувањето мир се покажало како потешко отколку што очекувал.
Според The Washington Post, пак, ќерката на Келог, Меган Мобс, е на чело на фондацијата „R.T. Weatherman Foundation“, која е вклучена во доставувањето помош на Киев. Фондацијата воспостави логистички центар на романско-украинската граница. Исто така, ги презема телата на загинатите американски доброволци (платеници) од Украина и го олеснува евакуирањето на ранетите во Регионалниот медицински центар Ландстул, американска воена болница во Германија.