Четирикратниот Формула 1 шампион Макс Верстапен од Ред Бул, пред денешната последна трка а 2025 добил порака со поддршка што му ја испратил фудбалскиот тренерот Јирген Клоп, кој работи во компанијата Ред Бул и познат е како добар мотиватор.
Ферстапен во текот на сезоната заостануваше и над 100 поени, но заврши како втор во генералниот пласман со само два поени зад новиот првак Ландо Норис од Мекларен.
Клоп е голем обожавател на Верстапен и му го дал на Холанѓанецот истиот совет што му го даде на својот тим Ливерпул во 2019 година кога ја освоија Лигата на шампионите.
Во личното видео обраќање, германски фудбалски стратег рекол:
„Не би се сметал себеси за експерт за автомобили, но знам нешто за спортот, и знам нешто за пресвртите, а оваа сезона имаше неколку падови и многу подеми. Знам дека си голем фудбалски обожавател и добар пријател на Вирџил ван Дајк, па можеби се сеќаваш на нашата рекордна, најимпресивна и посебна сезона со Ливерпул во 2019 година, кога го освоивме финалето на Лигата на шампионите. Сепак, за да стигнеме до таму, мораше да се пробиеме низ тежок пресврт во полуфиналето“.
Вп таа 2019 година, Барселона го победи Ливерпул со 3-0 во првиот натпревар на „Камп Ноу“, но пред решавачкиот реванш, Клоп ги инспирираше своите играчи во соблекувалната на „Енфилд“ пред почетокот на натпреварот и тие победија 4-0.
„Им реков на моите момчиња тој ден: Мислам дека е невозможно, но благодарение на вас имаме шанса. Искористете ја! Тоа е она што сакам да го направиш денес: имаш можност, искористија ја, уживај во трката“, му рекол Клоп на Макс.