1 минута за читање
Со победата над Словачка од 26:24 во третиот и последен натпревар, женската ракометна репреентација на Македонија го освои турнирот во Анкара во рамките на неделата на ЕХФ.
Кипријаноска со 7, Ризоска со 5 и Гугуљанова со 4 гола беа најефикасни во македонскиот состав, ослабен со неиграњето на Ристовска и Младеновска, а Гакидова, Коцева и Јанкуловска постигнаа по 3.
Избраничките на селекторот Грчевски претходно славеа над домаќинот Турција со 29:26 и одиграа нерешено 23:23 со Словенија.
„Црвено-жолтите“ во почетокот од март ги очекува двомечот со аутсајдерот Белгија на 4 март во Хаселт и три дена подоцна во Куманово во квалификациите за Европското првенство 2026.