Женската ракометна репрезентација на Македонија со трофеј се враќаат турнирот во Анкара.
Во последниот трет натпревар на турнирот, кој директно решаваше за првото место ракометарки ја совладаа Словачка со 26:24.
Во првиот дел се играше израмнето и најчесто гол за гол. Затоа на полувреме се замина со нерешен резултат 12:12.
Второто полувреме македонските ракометарки го почнаа со врзани три гола за водство од 15:12. Најголемата предност сепак изнесуваше плус четири за Македонија, 21:17. Тука веќе се навестуваше триумфот на жолто-црвените кој на крајот славеа два гола разлика.
Кипријановска со седум и Ризоска со шест гола, беа двете најефикасни ракометарки на нашата репрезентација.
Така нашите ракометарки со две победи на домаќинот Турција и денеска против Словачка, како и нерешен резултат со Словенија заврши како првопласирана на овој турнир.
Овие натпревари за селекторот Грчевски и неговите избранички треба да бидат подготвителни за двомечот со Белгија во евроквалификациите.