Два натпревари ќе се играат вечерва во Супер машката кошаркарска лига. Со дуелите во Скопје ќе биде комплетно деветтото коло.
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром ќе го пречека гевгелиско Кожув. Дуелот ќе се игра со СЦ ,,Јане Сандански” со почеток од 18 часот.
Иако тимот на Феникс досега своите домашни натпревари ги играше исто така во ,,Јане Сандански” сега има нов дом. Феникс сега ќе игра во салата на О.У. ,,Наум Наумовски Борче” во населбата Маџари. ,,Сефте” на новиот дом феноксовски ќе направат вечерва во дуелот со Чаир, а мечот почнува од 20 часот
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 9.КОЛО
Сабота
АНГЕЛИ – РАБОТНИЧКИ 73-117
МАЏАРИ – ГОСТИВАР 78-64
КУМАНОВО – ТИКВЕШ 94-77
ПЕЛИСТЕР – ТФТ 83-87
Недела
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – КОЖУВ 18:00 часот
ФЕНИКС – ЧАИР 20:00