Бројот на невработени лица во третото тримесечје од 2025 година во земјава е зголемен за 0,4 % во споредба со второто тримесечје од 2025 година, а е намален за 6,7 % во споредба со истото тримесечје од минатата година, соопшти Државниот завод за статистика.
Стапката на невработеност во периодот јули-септември изнесува 11,5 %.
Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 62,4 %, а жени 37,6 %.
Бројот на вработени лица бележи зголемување од 0,5 %. Од вкупниот број вработени, 57,8 % се мажи, а 42,2 % се жени.
Учеството на неформалната вработеност се зголемува, одбележува Статистика.
Неформално вработени се 100.619 лица, што е за 2,5 % повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 48,8 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17,7 % во секторот Градежништво.
Активно население: 796.930 лица
Вработени: 705.165 лица
Невработени: 91.765 лица
Стапка на активност: 52,5
Стапка на вработеност: 46,5
Стапка на невработеност: 11,5
The post Пораснал бројот на невработените appeared first on NetPress.