Претседателот на Бенин, Патрис Талон, изјави во неделата дека владата и вооружените сили спречиле државен удар од страна на група војници во западноафриканската земја, ветувајќи дека ќе ги казнат оние што го извршиле.
Објавата на Талон доаѓа во неделата вечерта, околу 12 часа откако медиумите објавија дека се слушнаа истрели во неколку населби на Котону, најголемиот град во земјата, а војниците излегоа на државната телевизија за да објават дека го отстраниле Талон од власт.
„Брзата мобилизација на силите лојални на владата ни овозможи да ги запреме овие авантуристи“, рече Талон на државната телевизија. „Предавството нема да остане неказнето“, порача претседателот.
Обидот за државен удар е најновата закана за властите во регионот, каде што незадовнилните од состојбите во земјите милиции и воени челници ја презедоа власта во соседните Нигер и Буркина Фасо во последните години, како и во Мали, Гвинеја и минатиот месец во Гвинеја-Бисао.

Но, ова беше неочекуван развој на настаните во Бенин, каде што последниот државен удар се случи пред повеќе од половина век, во 1972 година.
Во телевизиско обраќање предводени до потполковникот Паскал Тигри кој се прогласи за водач на „Комитетот за обнова“, заговорниците на државниот удар ја истакнаа „негрижата и занемарувањето на нашите паднати браќа по оружје“, односно влошената безбедносна состојба во северен Бенин каде како што и во соседните држави поради несправувањето со џихадистичките групации без изведени воени преврати.
На Талон му се припишува заслугата за заживување на националната економијаа, но земјата доживеа остро зголемување на смртоносните масовни напади од џихадистичките милитанти кои предизвикаа хаос и во соседните Мали и Буркина Фасо.
Портпаролот на владата Вилфрид Леандре Хунгбеџи претходно изјави дека 14 лица се уапсени во врска со обидот за државен удар од неделата, но не понуди докази за неговото тврдење.
Обидот за државен удар се случи додека Бенин се подготвуваше за претседателските избори во април, кои треба да го означат крајот на мандатот на Талон, кој е на власт од 2016 година. Во ноември парламентот на Бенин одобри уставниот амандман со кој се продолжува претседателскиот мандат од пет на седум години. Како што објави AFP, Патрис Талон наводни планирал да поднесе оставка следниот април по десет години на власт.
.