Отстранувањето на првиот дел од тролејбуските кабли по должината на Акти Мијаули во Пиреја што почна да се случува денеска, означува прв чекор од големата реконструкција на мрежата за јавен превоз во Атина, со која учеството на тролејбусите ќе биде крајно редуцирана.
Министерството за транспорт на Грција планира да ги замени тролејбусите со електрични автобуси од следната генерација, почнувајќи од крајбрежниот коридор во Пиреја, каде што густата мрежа од надземни кабли долго време предизвикува проблеми со сообраќајот.
Службениците проценуваат дека околу 70% од кабелската мрежа во регионот на главниот град, долга 143 километри, ќе биде демонтирана.
Тролејбусите ќе останат само на главните, прави коридори, каде што ќе бидат концентрирани тролејбусни линии за да се подобри фреквенцијата и да се одржи услугата. Мапите објавени од министерството го покажуваат сегашниот „густ и лавиринтен“ систем на Атина како отстапува место на поедноставен распоред ограничен на артериски патишта како што се Патисион, Ахарнон, Александрас, Месогеон и Сингру.
Досегашните тролејбуски линиите ќе продолжат да функционираат со електрични или конвенционални автобуси. Во Пиреја, замените со автобуси веќе започнаа на линиите 16, 17 и 20, пишува Екатимерини.
The post Тролејбусите во Атина заминуваат во пензија appeared first on NetPress.