Големо изненадување се случи во српскиот фудбал, Црвена ѕвезда е поразена дома во лигашки меч за првпат после април 2017 година. Црвено-белите од Белград имаа низа од дури 159 лигашки натпревари по ред без пораз на домашен терен.
Осум и пол години беа потребни за повторно некој српски тим да ја совлада Ѕвезда на нејзин терен. Војводина на дождливото време го совлада немотивираниот фаворит со 1-0 и тоа за тимот од Нови Сад е втор триумф сезонава над актуелниот првак на нашиот северен сосед.
После овој кикс на Ѕвезда, нивниот најлут ривал Партизан е на чело на табелата со два бода предност.