Легендарниот кошаркар на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, денеска уште еднаш покажа зошто е еден од најдобрите на сите времиња кога станува збор за победнички кошеви.
Реал извојува тешка минимална победа од 71-70 во деветтото коло од АЦБ лигата, против тенерифе откако 38-годишниот Љуљ постигна луд кош во последната секунда од натпреварот и му донесе славје на Кралскиот клуб.
Љуљ толку често го прави ова што и не се радуваше претерано, додека неговите соиграчи беа повозбудени и се радуваа околу него.