Македонскиот репрезентативен напаѓач Лирим Ќамили, вечерва даде гол со кој ја најави победата на Сондерјиске над ФК Копенхаген со 2-0 во меч од данското првенство.
Ова е голем триумф извојуван на стадионот „Паркен“, па и радоста кај Ќамили и другарите беше огромна.
Ние само може да посакаме Ќамили да слави и да постигне гол и во дресот на македонската репрезентација на истиот стадион на 26-ти март кога против Данска го играме баражот за Светско првенство.