На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското собрание.
Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
Минатиот месецпартијата Алијанса на Албанците, крилото под раководство на Зијадин Села, ја напушта коалицијата Национална алијанса за интеграција, чиј предводник е ДУИ. Партијата ќе делува самостојно, а нејзините пратеници во Собранието ќе бидат независна група.
The post АА на Села ќе одржи партиско собрание на 27 декември appeared first on NetPress.