Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се најде во идеалниот тим на 16-тото коло од шкотската Премиер лига, откако блесна во дресот на Ренџерс во убедливата победа од 0-3 над Килмарнок.
Миовски беше двоен стрелец за својот тим, со што го отвори патот кон шестиот сезонски триумф, кој воедно донесе и искачување на Ренџерс на четвртото место на табелата.
Во тимот на колото, покрај Миовски, место добија и Џорџ, Мулиган, Халкет, Фреклтон, Кутрумбис, Девлин, Оучике, Барон, Брага и Бови.