Социјалните институции побараа истрага за семејството поради објавената содржина
Ана го избриша видеото, но веќе стана вирално на социјалните мрежи
Вознемирувачкото видео објавено на социјалните мрежи од блогерката Ана Сапарина, во кое се појавува нејзиниот син, предизвика бес во Русија и повик за истрага.
Блогер Ана Сапарина (36) од Саратов објави вознемирувачко видео на кое го гледа синот како лежи во вакум кеса. Во следниот момент, Ана ја зема правосмукалката и го цица воздухот од кесата за да му овозможи посебно искуство, како што им кажала на своите следбеници.
Момчето не реагирало неколку секунди, но кога видело дека мајка му не запира, викна: „Мамо!“. Во тој момент, мама низ смеа вели дека „и можеш целосно да го прекинеш дотурот на кислород до кесата“.
Предупредување: видеото е вознемирувачко
Објавувањето на видеото предизвика бес во Русијаа повеќето луѓе ја обвинија 36-годишната жена дека опасно си поигрува со животот на нејзиниот син, додека локалните социјални служби побараа увид во условите за живеење на семејството и околностите кои довеле до инцидентот.
Според медиумите, видеото доведе до полициска истрага, а Ана во меѓувреме го избриша. Сепак, тоа е широко споделено на мрежите.
Ана е позната по нејзиниот блог за родители со видеа кои често достигнуваат милиони прегледи.
(Telegraf.rs)