2 минути за читање
Во текот на своето дело, Климент Охридски ја создал кирилицата, прилагодувајќи ја грчката азбука за потребите на словенскиот јазик. Со тоа, тој поставил темели на писменоста и културниот развој на словенските народи.
Св. Климент (840 — 27 јули 916 година во Охрид) биледен од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените.
Бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј, кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3.500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот.
Неговата Охридска школа претставувала еден од најзначајните духовни и образовни центри во средновековна Европа.
Покрај тоа што бил епископ и учител, Свети Климент оставил и богато книжевно наследство – проповеди, молитви и поуки што се сметаат за најстарите оригинални дела на старословенски јазик.
Свети Климент е и заштитник на градот Охрид, за кој според преданијата, неговиот дух секогаш бдее и го спасува од несреќи.
Денес, неговото име го носат бројни институции: Универзитетот во Битола, Националната и универзитетска библиотека во Скопје, како и соборниот храм во главниот град.