1 минута за читање
Некогашната пратеничка на СДСМ, Солза Грчева, сега лидер на Глас за Македонија, го коментира тоа што нејзината бивша партија го опиша Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ како „конгрес на децата на Орбан“.
„Овие од СДС навистина немаат три чуки во главите.
Прво, го навредуваат Виктор Орбан, кој јасно се бори за мир во Украина, а не за војна ‘до последен Украинец’.
Второ, тој е еден од ретките политичари, ако не и единствен од Југоисточна Европа, кој има непречен влез (и повластици) кај Трамп.
Трето, тоа што е за многу прашања осамен (сè помалку) во ЕУ, не значи дека не е во право. Напротив, секој ден се покажува дека е.
Впрочем, во секоја средина, бројот на приглупи е поголем од тој на умните. А тој е умен политичар.
И од каде го замешаа Груевски со конгресов?
Не бре брате. СДС остана да тапка на една ниска скала во еволуцијата. До здравомислечки човеци тешко ќе стигнат. Впрочем, така е со сите вазали“, напиша Грчева на Фејсбук.